Сорта: | Pinot Grigio |
---|---|
Македонски винарии: | Камник Винарија |
Земја: | Северна Македонија |
Регион: | Повардарие |
% алкохол: | Од 13% до 14% |
Chateau Kamnik, PINOT GRIGIO, Single Vineyard
650.00ден
Виното е добиено 100% од сортата Pinot Grigio, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Се одликува со карактеристична сламесто бледа боја со зеленикави нијанси.
Ова свежо, суво вино изобилува со привлечна овошна арома, која потсетува на пасирано бело овошје, пред сé круша и банана надополнета со цитрусни поттонови. Вкусот е полн, сортен, со карактеристична свежина, минерални ноти и пријатен, долг и хармоничен послевкус.
Препорачуваме ова вино да се конзумира разладено на 7-10°С, во комбинација со свежа морска риба, предјадења од лосос, тестенини со бел сос и пилешко.