Сорта: | Сира, Шираз |
---|---|
Македонски винарии: | Камник Винарија |
Земја: | Северна Македонија |
Стил: | Интензивно црвено |
% алкохол: | Од 16% до 17% |
Chateau Kamnik, TEN BARRELS SYRAH
2,090.00ден
Посебноста на ова вино Syrah, добиено од сопствените насади, произлегува од двојната редукција на приносот, која резултира во парцијално дехидрирање на гроздовите на самата лоза, но и од присуството на 8% Вранец. Ваквите постапки овозможуваат добивање на фенолошки зрело вино со интензивна рубин црвена боја, висок екстракт и потенцијал за созревање. Букетo изобилува со ароми на капина, црна рибизла и слива. Комплексноста на ова вино се должи на 20-месечното одлежување во нови буриња од американски и француски даб кои придонесуваат за добивање на дискретни зачински тонови, надополнети со мирис на мока кафе, црна чоколада, ванила и сладок корен. Вкусот е елегантен и полн, со одлична структура, меки, кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми со долготраен послевкус.
Ова вино се служи на температура 15-18°С, во комбинација со специјалитети од разни видови месо, особено дивеч во пикантен сос.
Алкохол: 16.5 % Vol.