Виното е добиено 100% од сортата Viognier , има специфична длабока жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е сортен, раскошен и елегантен, открива овошни ароми на нектарина и крушка, надополнети со тонови на анамска рака и колачиња со ѓумбир. Посебноста на ова вино произлегува од 10 –месечниот продолжен контакт на виното со финиот талог по т.н “sur lie” метода, при што се добива комплексно буке. Вкусот е комплексен и полн, со специфични минерални и кремасти ноти, кои се проследени со долг хармоничен послевкус.
Виното се консумира разладено на 10-12°С, во комбинација со кремасти и малку зачинети јадења.
Алкохол: 14%