Chateau Kamnik, TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON RESERVA 2016

2,520.00ден

Премиум црвено вино добиено од сортата Cabernet Sauvignon. Виното е со изразена рубин црвена боја со темноцрвени нијанси. Вистинска резерва со препознатлив, зрел и раскошен мирис со овошно-зачински карактер. Потсетува на ситнозрнесто црвено овошје во комбинација со сладок корен, темно чоколадо, печено кафе и нане, надополнети со ванилинско-зачински тонови. Оваа комплексност се должи на 23-месечното созревање во нови барик-буриња од француски и американски даб. Вкусот е полн, хармоничен, со цврста структура, импресивни и нагласени танини и продолжен и пријатен послевкус кој на ова вино му дава посебен шарм.

Виното се послужува на температура од 16-18°С и одлично се комбинира со специјалитети од разни видови месо, особено со бифтек во сос од зелен бибер или дивеч во пикантен сос.

Полнето: Ноември 2018
Алкохол: 15.7% Vol.

Опис

Сорта: Кабарне Совињон
Македонски винарии: Камник Винарија
Земја: Северна Македонија
Регион: Повардарие
% алкохол: Од 15% до 16%
Стил: Интензивно црвено
Берба: 2016
Spread the love
Chateau Kamnik, TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON RESERVA 2016

2,520.00ден

2,520.00ден