% алкохол: | Од 13% до 14% |
---|---|
Земја: | Северна Македонија |
Македонски винарии: | Камник Винарија |
Сорта: | Sauvignon Blanc |
Chateau Kamnik, FUME BLANC
730.00ден
Ова вино е произведено 100% од сортата Sauvignon Blanc.
Уникатноста на ова вино произвлегува од 6 – месечното созревање во нови барик-буриња од француски даб со карактеристична минералност, како и примената на “sur lie” методот, при што се добива комплексно буке.
Се карактеризира со зелено-жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е раскошен и елегантен, открива вегетативни ароми испреплетени со тонови на тропско овошје. Вкусот е среднополн, сортен, со карактеристична свежина, дискретни минерални ноти надополнети со зачински поттонови на дим, и долготраен и хармоничен послевкус.
Виното се консумира разладено на 7-10°С, во комбинација со свежа морска риба, предјадења од лосос, зелена салата и пилешко месо.
Алкохол: 13%