Сорта: | Шардоне |
---|---|
Македонски винарии: | Камник Винарија |
Земја: | Северна Македонија |
Регион: | Повардарие |
Стил: | Kремасто, комплексно |
% алкохол: | Од 13% до 14% |
Chateau Kamnik, CHARDONNAY BARREL FERMENTED
1,210.00ден
Виното е добиено 100% од сортата Chardonnay, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Посебноста на ова Chardonnay се должи на применетата ферментација во барик-буриња од француски даб, со продолжен контакт на виното со финиот талог по т.н. „sur lie” метода, како и на дополнителното 10 месечно созревање во истите. Се одликува со жолтеникаво-зеленкаста боја и кристална бистрина. Мирисот е комплексен, раскошен и елегантен, со испреплетени ароми на тропско овошје. Вкусот е кремаст, со бисквитно-путерна текстура и овошен послевкус на диња и круша. Виното се одликува сo исклучителна полност, хармоничност и заокруженост, и со потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.
Уживајте во ова вино во комбинација со сите видови на бело месо, морски плодови, риба, тестенини и одбрани сирења.
Препорачана температура на послужување: 10 – 12 °C.
Алкохол: 15 % Vol.