Сорта: | Темјаника |
---|---|
Македонски винарии: | Камник Винарија |
Стил: | Ароматично бело |
% алкохол: | Од 13% до 14% |
Земја: | Северна Македонија |
Регион: | Повардарие |
Chateau Kamnik, TEMJANIKA
530.00ден
Премиум ароматично бело вино добиено 100% од сортата Темјаника. Виното се одликува со брилијантна и нежна сламесто жолта боја. Шармот на ова вино се открива преку елегантниот и сензуален мирис, типичен за сортата. Преовладуваат овошни ароми на праска и тропско овошје, надополнети со зачински поттонови на бели цветови и бозел. Вкусот е средно полн, со префинета хармонична свежина и долг овошно-зачински послевкус.
Препорачуваме да се послужува разладено на температура од 7-10°С, како аперитив или во комбинација со лесни предјадења, салати и aзиска кујна. Ова вино одлично се комбинира и со суви колачи и овошни пити.
Алкохол: 13.5 % Vol.