Description
Wine variety: | Шардоне |
---|---|
Macedonian Winery: | Kamnik Winery |
Country: | North Macedonia |
Region: | Povardarie |
% abv: | Од 11% до 12% |
Vintage: | 2014 |
2,000.00mkd
Пенливо бело вино добиено 100% од сортата Chardonnay, од сопствените насади на винаријата Камник. Се одликува со нежна сламеста боја и комплексност која се открива во раскошот на нежните меурчиња. Овој брут e добиен со традиционален метод на четиригодишно созревање во шише , со што се создава моќно и созреано буке со путерна арома и впечатливи овошно-зачински ноти. Елегантниот и кремаст вкус, со бисквитни тонови, совршено е избалансиран со овошни ноти и минерални поттонови надополнети со цитрусна свежина , со што се овозможува долготраен послевкус.
Препорачана температура на послужување: 6 -9°C.
Уживајте во ова пенливо вино како аперитив, или во комбинација со свежо овошје.
Алкохол : 11,6 % Vol.
Полнето: Февруари 2019