% abv: | Од 12% до 13% |
---|---|
Country: | North Macedonia |
Macedonian Winery: | Kamnik Winery |
Wine variety: | Gewurztraminer |
Chateau Kamnik, Gewurztraminer, The Orange
770.00mkd
Ова бело вино е добиено од 100% Gewurztraminer селектирани гроздови, од сопствените насади на винаријата Камник.
Бојата е нежнa килибарно-портокалова.
Аромата е комплексна и богата со ноти на дива роза и сува кајсија, испреплетени со тонови на мед и тропско овошје.
Куриозитет за ова вино претставува древниот начин на производствo, со спонтана фемернтација и 6-месечна мацерација на покожицата, која е проследена со 7-месечно созревање во дабови буриња. Виното има полн и хармоничен вкус, со меки танини и долготраен послевкус што му овозможува капацитет за неколкугодишно созревање во шише. Ова моќно вино се препорачува да се консумира како аперитив, разладено на температура од 12-15°С, во комбинација со одбрани сирења или зачинета мароканска и азиска кујна.
Алкохол: 13% Vol.