Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Доставата се наплаќа 120 денари – при прием на производите.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена по 13 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 14 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт.

Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, DrinkOnLine не може да превземе никаква одговорност.

Прием на производи

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда.

Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот. Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за подршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени.

Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: упатство за употреба, гарантен лист, фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.

Враќање и замена на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

Гаранција

Производите кои подлежат на гаранција, купени преку интернет страната на DrinkOnLine, имаат соодветен Гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот. Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот.

Гаранцијата нема да важи доколку:

Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница).

Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси.

Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот.

Има физички оштетувања на производот.

Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА DrinkOnLine, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Spread the love