Термини и услови
Оваа интернет страна, со домеин www.drinkonline.mk, во сопственост на Процент Битола ДООЕЛ, со седиште на ул. Бурса бр. 57, 7000, Битола, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната, внимателно да ги прочитате. DrinkOnLine не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Општи услови
Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. DrinkOnLine не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во некоја од нашите физички продавници.

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, DrinkOnLine ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на DrinkOnLine, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.drinkonline.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
DrinkOnLine го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на DrinkOnLine. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, DrinkOnLine има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Подршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 076 237 215 кој е достапен во периодот од 09:00 часот до 16:30часот секој работен ден или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail: info@drinkonline.mk


Spread the love