Chateau Kamnik, TEMJANIKA

530.00ден

Премиум ароматично бело вино добиено 100% од сортата Темјаника. Виното се одликува со брилијантна и нежна сламесто жолта боја. Шармот на ова вино се открива преку елегантниот и сензуален мирис, типичен за сортата. Преовладуваат овошни ароми на праска и тропско овошје, надополнети со зачински поттонови на бели цветови и бозел. Вкусот е средно полн, со префинета хармонична свежина и долг овошно-зачински послевкус.

Препорачуваме да се послужува разладено на температура од 7-10°С, како аперитив или во комбинација со лесни предјадења, салати и aзиска кујна. Ова вино одлично се комбинира и со суви колачи и овошни пити.

Алкохол: 13.5 % Vol.

Нема на залиха

Опис

Сорта: Темјаника
Македонски винарии: Камник Винарија
Стил: Ароматично бело
% алкохол: Од 13% до 14%
Земја: Северна Македонија
Регион: Повардарие
Берба: 2020
Spread the love