Chateau Kamnik, KRATOŠIJA

1,190.00ден

1,190.00ден

Chateau Kamnik, KRATOŠIJA

1,190.00ден

Суво црвено вино добиено од истоимената сорта на грозје Кратошија.

Ова вино се карактеризира со длабока рубин црвена боја, која се истакнува преку винификацијата со 15% Вранец.

Букетo изобилува со ароми на црвено и црно ситнозрнесто овошје, надополнети со зачински поттонови.

Ова вино претставува вистинска резерва, што се должи на 30-месечното одлежување во нови и делумно користени буриња од американски и француски даб, кои допринесуваат за добивање дискретни зачински тонови на каранфилче, надополнети со мирис на мока кафе, ванила и сладок корен. Вкусот е елегантен, комплексен и полн, со одлична структура, висок екстракт, меки и кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми преточени во долготраен послевкус. Ова вино има потенцијал на повеќегодишно созревање во шише.

Виното се служи на температура од 15-18°С, во комбинација со разни видови месо, особено дивеч во пикантен сос.

Алкохол: 15% Полнето: Јули 2020

Опис

% алкохол: Од 15% до 16%
Земја: Северна Македонија
Македонски винарии: Камник Винарија
Берба: 2017
Сорта: Кратошија
Spread the love