Chateau Kamnik, GOLDEN TEMJANIKA 2021

1,100.00ден

Златна Темјаника е премиум полусуво бело вино добиено од одбрани гроздови Темјаника. Карактеристиките и привлечноста на ова вино се истакнуваат со дoдавањето на нежни ливчиња од вистинско 23-каратно злато во самото вино.

Златната Темјаника, освен со својот ултрамодерен, нежно-сјаен изглед, се одликува и со мирис кој е елегантен и сензуален, со комплексни овошни ароми на сува кајсија, кора од портокал и дискретни зачински поттонови. Вкусот е полн, избалансиран, со хармонична свежина и овошно-зачински послевкус. Златните ливчиња присутни во Златна Темјаника се наменети за употреба во гастрономијата, сосема се безбедни за конзумација, и немаат влијание врз вкусот и мирисот на самото вино. Златна Темјаника е вино чие создавање е инспирирано од величенственоста на обичните мигови кои ги споделуваме со другите луѓе. Визуелно присутната екстраваганција и нишката на луксуз кај ова вино претставуваат порака која нe потсетува на убавината на едноставното уживање во животот.

Препорачана температура на пoслужување: 7-10°С.Уживајте во ова вино како аперитив, во комбинација со лесни предјадења и суви колачи, пита од јаболка, поширани круши и сл.

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Август 2021

Нема на залиха

Опис

Сорта: Темјаника
Македонски винарии: Камник Винарија
% алкохол: Од 13% до 14%
Стил: Лесно и Свежо (розе)
Земја: Северна Македонија
Регион: Повардарие
Берба: 2020
Spread the love