Chateau Kamnik CUVÉE DE PRESTIGE

1,080.00ден

1,080.00ден

Chateau Kamnik CUVÉE DE PRESTIGE

1,080.00ден

Суво црвено вино добиено со винификација на внимателно одбрани гроздови, од сопствените насади на винаријата Камник, од сортите: Merlot (43%), Вранец (38%) и Cabernet Franc (19%).

Виното се одликува со интензивна рубин црвена боја, допадлива арома на црно ситнозрнесто овошје надополнето со зачински поттонови и долг послевкус на капучино и црно чоколадо.

Комплексноста на ова кувe се должи на повеќемесечното одлежување во нови и делумно користени дабови буриња со капацитет од 225 литри. Вкусот е полн, со висока содржина на екстракт, хармонична киселост и меки сомотести танини кои му овозможуваат на ова вино потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.

Препорачливо е виното да се декантира пред послужување.
Препорачана температура на послужување: 15-18°С..

Уживајте во ова вино во комбинација со јаки сирења и специјалитети од месо и дивеч.

Алкохол: 15% Vol.

Опис

Сорта: Вранец, Cabernet Franc, Меrlot
Берба: 2018
% алкохол: Од 15% до 16%
Македонски винарии: Камник Винарија
Регион: Повардарие
Земја: Северна Македонија
Spread the love